Избор на бои од тон карта

Боите се поврзани со опкружувањето и се составен дел од него. Поради тоа е важно во ситуација кога се бира боја за вашите ѕидови да се земат во предвид овие факти. Бојата е тесно поврзана со надворешниот свет- осветлувањето и другите боени површини.  Во сенка, дури и светлите бои се перцепираат различно. На перцепцијата на боја влијае и квалитетот, мазноста,  или нерамнините на површината.