"Feelings" палета на бои

Нашата популарна палета на бои Feelings нуди инспиративна рамка за избор на бои за вашиот дом. Професионалците кои се занимаваат со внатрешен дизајн и бои ги креираа основните стилови кои се разликуваат еден од друг и преку кои може да ја изразите вашата личност и да дознаете кои чувства ви одговараат вам. Со помош на стилот што вие ќе го изберете лесно е да се занимавате со внатрешен дизајн. Сега може да ја користите бојата за да декорирате како професионалец. 

 

Идејата за избор на неколку основни стилови доаѓа од повратниот одговор што го добивме од купувачите. Полесно е да се избираат бои кога тоа се прави чекор по чекор врз основа на одредено расудување. Кога почнувате на тој начин што избирате стил кој е најблизок до вашите идеи и вкус, лесно ќе ги пронајдете комбинациите на бои кои сакате да ги употребите за декорација.

 

Секој стилски комплет содржи девет комбинации на бои за ентериер кои ги дизајнираа професионалци. Постојат вкупно 45 бои. За прв пат ние вклучивме и боја на бисер и светликави метални Taika бои.

 


chip

Употребувајте ја палетата бои Feelings на овој начин:

Најголемата површина на палетата е наменета за бојата на ѕидот. Боите со сугериран ефект може да се употребуваат за подови, теписи, завеси и помали детали

Ако сакате да задржите некој конкретен омилен предмет како дел од декорацијата, можете да го употребите како основа и да го користите за да ја изберете соодветната боја на ѕидот или други бои за декорација од нашата палета на бои.

Запомнете дека боите на екранот се само од информативен карактер. Боите од палетите на бои Feelings секогаш проверете ги и на светлото на кое ќе се користат.

Боите Feelings се достапни во Tikkurila боите за внатрешна декорација.


Основни стилови:

herkka haaveilija

Нежен мечтател

Вие сте оптимистичко лице кое сака да биде дома, боите кои најмногу ги сакате се пастелни, живи комбинации на студени и топли бои и боите на вкусниот шеќерен памук и сладолед. Социјалните мрежи за вас се важни, а среќниот џагор на луѓе кои го поминуваат времето заедно често го исполнува вашиот дом, бидејќи вашето семејство, роднините од сите старосни групи и пријателите се собираат овде да уживаат во малите прослави во секојдневниот живот. Како и вашиот дом, вашата личност е барокна, но сепак добро организирана. Цвеќињата, свеќите и многу текстил и омилените украси му даваат на вашиот дом атмосфера на стара селска романтика која потсетува на вила.

Modernipelkistaja

Современ љубител на едноставни работи

Вие сте пријател и на класичниот стил и лице кое со задоволство ги прифаќа новитетите. Сакате студени, придушени бои и силни ефекти. Скандинавската едноставност и рустикалната убавина на урбаното милје се комбинираат во вашиот избор на декорацијата. Новата технологија и врвниот дизајн се очигледен дел од вашиот дом. Вие сте лице од кариера за кое домот претставува и социјална зона. Свесно избирате висококвалитетни и долготрајни работи бидејќи тие за вас се инвестиција и прашања на став. Вашиот стил е архитектонски контролиран, со јасни линии, па дури и аскетски.

aitouden etsija

Трагач по автентичното

Вие сте замислен филозоф кој бара искуства во природата, автентичноста на нејзините материјали и на скалилото на топлите придушени бои. Избирате врз основа на средината и климата и го почитувате доверливиот квалитет. Иако ги познавате трговските марки и материјали, вашиот стил намерно е немарен. Вам ви е важно да го одржите вашиот ментален баланс и физичкото здравје. Ги почитувате рачните изработки и уникатните предмети. Вашите вредности исто така го карактеризираат и вашиот дом, во кој вие собирате работи што ви прираснале за срцето.

luova seikkailija

Креативен авантурист

Сакате изненадувања и разнобојни искуства. Стилот полн со изобилство во вашата куќа се менува во зависност од вашите чувства и интуицијата. Неговиот изглед на повеќе нивоа зрачи со етнички влијанија, мирислива атмосфера на пазарот, самоспознание и отворен ум кога е во прашање изборот на бои. Вие размислувате за тоа какво влијание ќе има вашиот избор на иднината и ја преиспитувате познатата шема на работите. Ги толкувате и комбинирате значењата и ги модернизирате наследените, рециклирани или нови предмети на свој начин. Ги усвојувате новите трендови пред другите или создавате свои сопствени трендови.

valikoiva nautiskelija

Селективен бонвиван

Знаете што сакате и подготвени сте да платите за квалитетот. Вашиот вкус е далеку од конвенционалниот и можете да нарачате што било што не припаѓа на сериското производство. Вашиот боемски изглед исто така е фин и рафиниран. Ги сакате длабоките, драматични бои, металната завршна обработка и сјајот на свилата и металот, како и сјајот на бисерите. Можете да комбинирате различни влијанија во декорацијата со непогрешлив смисол за стилот и да уживате во вашата лична средина, а исто така сакате и да ја претставите на другите.




Трагач по автентичното


19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 



Нежен сонувач


1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 



Модерни љубители на едноставни работи


10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 



Креативен авантурист


28
 
29
 
30
 
31
 
32
 
33
 
34
 
35
 
36
 



Селективен бонвиван


37
 
38
 
39
 
40
 
41
 
42
 
43
 
44
 
45