АБЦ за избор на бои

Кога избирате бои, фокусирајте се на главните работи

Сите бои се убави ако се најдат на вистинското место. Не постојат погрешни бои, туку само погрешен избор на бои. Дури и ако се промени само една единствена боја во шемата, сите останати бои исто така треба да се преиспитаат. Пријатна шема на бои се креира со помош на бои кои се меѓусебно компатибилни. Секоја боја врши интеракција со сите останати бои кои се наоѓаат околу неа.

Боите вршат големо влијание во затворен простор и влијаат на тоа како луѓето се чувствуваат во него. Тие исто така може да се употребуваат за да се сврти вниманието на одбрани детали, да се управува со луѓето, да се соопштат и дадат информацииБоите исто така можат да помогнат да ги прикриеме или сокриеме неважните елементи во просторот. И дури, боите можат да се користат за да влијаат на однесувањето на луѓето и да ги убедат луѓето да реагираат на извесен начин. За да го поедноставиме избирањето на боите, корисно е да се совладаат неколку едноставни основни принципи на науката за боите и да се дознае како боите влијаат на луѓето и на просторот.


ABC of colour selection Bedroom


Скандинавскиот стил на ентериер ги нагласува безвременоста и едноставноста. Мирните, светли бои потсетуваат на снег и лед и создаваат мирен амбиент. Бисерните површини се идеални за убаво расположение. Ѕидовите се бојадисани со Taika Pearl глазура.

Соња Иконен, Дизајнер / Interior Architect (BA Hons)