Бојата претставува чувство

Научен факт е дека боите влијаат врз нас и физички и психички. Боите имаат непогрешливо влијание на нашето расположение и на нашето забележување, на температурата и растојанието. Како ние ги гледаме боите е сетилно искуство и затоа претставува многу индивидуално искуство. Поради тоа ги гледаме и чувствуваме боите на различен начин. Кога ќе ги здогледаме боите, во нашиот ум се одвиваат извесен број паралелни реакции и асоцијации. Овие реакции можат многу да се разликуваат од човек до човек. Дури и искуствата од детството потсвесно можат да влијаат на тоа како ние ги забележуваме боите. Боите исто така имаат интензивно симболичко и културно значење.

 
Кога сме во затворен простор, ние природно претпоставуваме дека подот е најтемниот елемент во просторијата и дека другите бои стануваат прогресивно посветли додека гледаме нагоре кон таванот. Се чувствуваме задоволно и сигурнотемниот под нè потсетува на цврстото тло на кое стоиме, додека светло бојадисаниот таван ни изгледа прозрачен и простран, токму како небото. Ѕидовите, за возврат ни даваат чувство на сигурност кога се бојадисани така што лесно се забележуваат.

Кога ќе ги научиме овие основни факти за просторот и бојата, ние исто така можеме да ги искористиме на спротивен начин. На пример, ако сакаме да креираме прозрачна и пространа средина во некоја просторија, ние ја обојуваме целата во бела боја. Бојадисувањето на таванот, ѕидовите и подот со бела боја го нагласува мебелот и ги ублажува контурите на просторот. Тоа дава чувство на слободанадземност и прозрачност. Влијанието на нематеријалниот простор понатаму може да се зголеми со разни видови на осветлување.


ABC of colour selection