Хармонија

Луѓето сметаат дека избалансираните и хармоничните шеми на бои се пријатни. Хармонијата на боите се создава со контраст што го дефинира просторот и помага во идентификувањето и препознавањето на предметите во тој простор

Хармонијата на аналогни бои лесно се постигнува со избор на соседни бои во кругот на бои, како што се жолта, портокалова и црвена, или тиркизна и зелена. Понекогаш бојата на софата за која треба да се најде соодветна боја на ѕидот е почетна точка во декорацијата на ентериерот.

Ако ги следиме принципите на монохроматската хармонија, можеме да избереме боја на ѕидот која е со посветла или потемна нијанса од бојата на софата.

Различните бои исто така може да се комбинираат врз основа на идентитетот на нијансите со избор, на пример, на црвена и сива кои содржат исто количество бела и црна боја.

Парот на комплементарни бои дава специјален ефект со додавање на соодветниот степен на тензија и присуство. Парови на комплементарни бои се жолтата и виолетовата, црвената и зелената и сината и портокаловата.


ABC of colour selection - Harmony