Изборот на боите го менува просторот

Топлите и живи бои создаваат интензивна атмосфера, додека сјајните бои даваат дополнителен степен на динамика.
Кога се додаваат топли и живи бои, препорачливо е исто така да се остават и светли и неутрални бои за просторот да изгледа помалку агресивен. Често е доволно да се стави малку црна и бела боја за да се направи неопходниот контраст меѓу темната и светлата боја.

Изборот на боите исто така значајно влијае и на големината, обликот и пропорционалните димензии на просторот.

Топлите бои изгледаат како да се движат кон окото. Како најенергична, најактивна и најкарактеристична од сите бои, црвената често се забележува како најмоќна боја. На пример, ова чувство на „приближување“ на топлите бои може да се искористи за долгата и тесна просторија да се направи посиметрична. Еден или двата крајни ѕида може да се бојадисаат со црвена боја за просторијата да изгледа помалку издолжена.

Хоризонталните пруги на крајниот ѕид придонесуваат кон тоа тесната просторија да изгледа поширока, додека вертикалните пруги придонесуваат кон тоа ниската просторија да изгледа повисока. Долгиот ходник ќе изгледа пократок кога долгите хоризонтални површини се испрекинати или поделени на делови со помош на светло нијансирани области или шари во различни бои

Светлите и студени бои ја прават просторијата поголема. Студените бои, како сината и тиркизната, додаваат раздалеченост и прават просторијата да изгледа попространа и посмирувачка.

Живите, темни и топли бои и големите шари ја прават просторијата помала. Високата просторија може да се направи пониска така што таванот ќе се бојадиса во темна нијанса, а ѕидовите со светла боја.



ABC of colour selection