Критериум за избор на боите

Кога се избираат боите, препорачливо е да се избере конкретен примерок на боја, како што е парче ткаенина или некој друг опиплив пример на бојата која е во прашање. Во реалноста, немаме секогаш можност да видиме каков било примерок на боја, па наместо тоа мора да се потпираме на описите на боите и на менталните слики. Нашите ментални слики за боите се различни. На пример, ако една група луѓе замолиме да избере боја што е опишана дека е „црвена како јаболко“, веројатно ќе добиеме извесен број многу различни избориовде дури може да има и неколку зелени и жолти тонови меѓу нијансите на црвено. Најпосле, постојат јаболка во многу бои. Често мислиме дека можеме точно да запаметиме некоја нијанса на боја, но тоа е речиси невозможно затоа што на луѓето им недостасува „прецизна“ меморија за боите. А немаме ниту доволно зборови да ги опишеме илјадниците нијанси на боите.


ABC of colour selection - Olive green