Нема бои без светлина 

Светлината игра важна улога во изборот на боите. Количеството, интензитетот и аголот на влегување на светлината има големо влијание на тоа како ние ја забележуваме бојата во даден простор. Истата боја изгледа поинаку на сончева светлина, во сенка и под вештачко осветлување. И природната и вештачката светлина влијае на забележаната боја на површините, особено светлите. Светлината што доаѓа од обична светилка се забележува како топла и жолтеникава. Спротивно на тоа, флуоресцентните цевки имаат лош пренос на боите, што значи дека боите губат некои од своите карактеристики на светлото што доаѓа од флуоресцентните светилки. Затоа се препорачува боите да се избираат на самото место под соодветното осветлување.


Топлите и светли бои се повеќе погодни за страните вртени кон север и исток, додека релативно студени бои можат да се користат за страните свртени кон југ и запад. Останатите фактори кои треба да се земат предвид кога се избираат боите ги вклучуваат големината и намената за употреба на просторот. За што ќе се употребува просторијата, кој ќе ја употребува таа просторија и колку долго луѓето ќе престојуваат во неа? Постои практично правило, посветлите и понеутрални бои да се избираат за просториите во кои се живее, како што се дневни соби и кујни, отколку за просториите во кои луѓето остануваат само во кратки временски периоди. Посмели бои можат да се користат за да се оствари ефект во областите кои го поврзуваат еден простор со друг. Слично на тоа, бањите можат да се освежат со богати нијанси.