Боја на годината: Angora H466




Tikkurila боја на годината за 2017 е софистицираната Angora H466, светол француски шарм во удобен, современ стил. Ангора е смирена, но свежа боја, која одговара на мноштвото домови и атмосфери. За декорација во ентериер, Ангора е практичен и неутрален избор кој никогаш не станува "досаден".Нежната Ангора H466 и соодветните нијанси се вклучени во новото списание Color Now 2017 Hazy color collection.


Оваа година во изборот за боја на годината се вклучија и финскиот моден дизајнер Teemu Muurimäki, стилистот за ентериер и блогер Susanna Vento и менаџерот за дизајн од Tikkurila Marika Raike. За да ја одберат бојата,  жирито креираше расположенија од нивните омилени материјали и бои.