Tikkurila ги претставува тренд боите 2014 - 2015

Новата колекција на бои која ќе биде во тренд во 2014-2015 се состои од 36 нијанси, кои сочинуваат 9 впечатливи комбинации. Во новата сезона повторно се во мода земјените тонови како и сите нијанси на сивата боја. Сината, тиркизната и нијансата на вода се користат во декоративните техники. И на крајот жолтата која со својата динамична енергија претставува силно оружје на дизајнерот.

Освежете го својот ентериер! Почувствувајте инспирација и храброст да ја промените бојата!

Дом со илјада приказни

Кажете му збогум на минимализмот и посакајте ѝ добредојде на свечената атмосфера! Одушевете се и уживајте во раскошот и придружете ѝ се на фасцинантната игра на фантазијата. Од мноштвото извонредни рачно изработени предмети, свилата, кадифето, светликавиот металик сјај и најразличните бои, изберете го она што најмногу ви годи и направете го вашиот дом полн со живост.


Thousand stories

Сакам мир, сакам сино

Вистинито и секогаш толку прекрасно: сината боја смирува и влијае на освежувањето на вашиот ум. Комбинацијата на сини бои и природни материјали зрачи со својата убавина и никогаш нема да ве изневери. Омбре површините им даваат живот на различни нијанси на сино, создавајќи при тоа прекрасна, магловита атмосфера. Украсете го вашиот дом со мирна, чиста, автентична сина боја. Со сината боја комбинирајте ги светло портокаловата и виолетовата боја – тоа е сè што ви е потребно за нов и вонвременски изглед.

Blue

Сонувајќи за далечното лето

Бојата на водата и лимонот осветлен од сонце претставува неодолив спој! Оваа комбинација во вас буди спомени на летото: гребени осветлени од сонцето, светликава вода, дружења на пристаништето и тиркизна торба за пикник. Повторно можете да ја почувствувате таа безгрижна и мирна атмосфера, но овој пат во вашиот дом. Со вистинските бои сè е можно.


Summer

Зелена оаза на радоста

Живата и вибрирачка зелена боја зрачи со енергија и ја задржува насмевката на вашето лице. Како да го започнете денот во вашата сопствена светла зелена оаза? Така што ќе седете на софата, ќе уживате во мирот и во топлата шолја чај, лесно ќе се фокусирате на она што е важно и на крајот ќе сфатите дека тоа е ден во кој сè е можно!


Green

Танц со сонцето

Како да направите софистицирана атмосфера? Комбинирајте силно жолта боја на савана и светлуцав сомотен изглед на ѕидната површина, со ефект на излитени златни нијанси.


Sun

Валцер на црните рози

Љубителите на shabby chic знаат како да вдахнат нов живот со употребата на тантела и пастелни бои. Во нивните домови, нежните нијанси како пудра се нагласени со изненадувачки ефекти: со црна и чиста тиркизна боја. Старата тантела се родила како шаблон. Животот е валцер и секој ден е нова авантура!


Black roses

Љубов за минатите времиња

Чисти и вистински природни материјали, земјени нијанси, рачни изработки и уникатни предмети кои можат да раскажуваат приказни. Едноставни и искрени елементи кои создаваат простор во складна и опуштена атмосфера. Ваквиот карактеристичен дом е место каде старите и новите елементи се обединети во складна хармонија, во која уникатните рачно изработени предмети ја додаваат вистинската доза на непредвидливост.


Times gone by

Шармантна сива за поубав живот

Играјте си со класичните нијанси на сивата боја и употребете ги во тандем со елегантен етно стилЕгзотичните објекти и инспирациите од вашите патувања искористете ги да ја зачините класичната позадина на сивата боја, проширете го просторот и направете го поекспресивен. Внимателно поставете ги деталите, трансформирајте го обичниот простор во нешто посебно. Значи, Фенг шуи!


Charming grey

Заљубете се во фасцинантниот бакар

Многу е лесно да се заљубите во бакарот бидејќи многу едноставно создава топла атмосфера и мистериозен амбиент. Фантазијата нема граници! Употребата на бакарот ѝ дава магична светлина на мрачната соба и на предметите кои го изгубиле својот сјај. Користејќи ги боите во бакарна нијанса создадете модерно расположение исто како она од приказната Илјада и една ноќ.


Copper