Бои

Боите имаат најдлабоко значење за човекот низ сите фази на неговиот живот. Имаат многу големо влијание кое дури и не моожеме да си го замислиме. Ако паметно ги користиме можат да ни помогнат да ојачаме како личности, да се смириме, да не инспирираат и слично.

Црвена

Црвената има најниски вибрации и затоа е најтешка и психички ревитализирачка. Нејзиното место е над топлотните вибрации, а и самата дава топлина. Стимулира, затоплува, возбудува, развеселува и дава енергија- ја зголемува активноста на крвта низ артериите. Црвента боја исто така е боја на моќ и љубов. 

Портокалова

Портокаловата е втората боја во спектарот. Таа асоцира на сонце, радост, креативност, успех, храброст, енергија. Има заатоплувачки и ефект на стимулирање на емоциите. Исто така се смета за боја на храбрите. Треба да ја избегнуваат од екстремно емоционални типови на луѓе. Исто така стимулира апетит.  
 

Жолта

Жолтата е третата боја во спектарот. Се поврзува со енергија, сонце, среќа, креативност. Оваа боја се смета за мудрост и инелект. Жолтите сијалици или стакла ги стимулираат нервите на мозокот и телото. Го зајакнува имунитетот. Исто така е симбол на љубомора.

Зелена

Зелената боја дава стабилност, издржливост и смиреност. Исто така ја поврзуваат со пари, раст, пролет, завист, свежина, младост, лојалност, хармонија и исцелување. Нејзиното дејство е да ја лади крвта, да ги смири нервите и да помогне во разбираање и анализирање на новите информации. Старите египјани ги појадисувале подовите на нивните храмови зелено.

Сина

Сината боја е поврзана со небото, морето, религијата, верата, вербата, мирот, стабилноста, меланхолијата, довербата, лојалноста, мудроста, духовната енергија, заштитата. Синатаа се користела за заштита против вештерки, кои наводно не ја сакале оваа боја. Велат дека соба бојадисана во сино е соба за релаксирање. 

Виолетова

Виолетовата претставува благородни духовни аспирации. Затоа отсекогаш била поврзано со свештениците, магнетска е и антисептична. Пурпурната и виолетовата зборуваат за чест, духовност и самодоверба. 

Пурпурна

Пурпурната боја е поврзана со лојалност, моќ, луксуз и духовност. Пурпурна соба може да ја распламти имагинацијата на децата или креативноста на уметникот.

Кафена

Кафената е боја на земјата, не држи на земјата и е боја на материјални мисли. Поврзана е со конзервативност и стабилност. 

Сива

Сивата се користи како позадина за другите бои. Неутрална, внатрешна и надворешна хармонија, задоволство. 

Бела

Белата боја ги апсорбира сите зраци и затоа има разладувачки ефект. Ангелите се обично прикажани како носата бели наметки. Античките персици верувале дека сите богови се облечени во бело. 

Црна

Црната боја е поврзана со тајноста. Исто така е поврзана со софистицираноста, елеганцијата, ѓаволот, смртта. Помеѓу младите луѓе на црната боја често се гледаа како на боја на бунт.