Бои во секојдневниот живот

Боите се секаде околу нас. Каде и да погледнеме ние гледаме бои, иако не секогаш ги приметуваме. Природата е полна со бои. Погледнете снег или мраз – ако можете, и ќе видите бои кои одат од бели па се до сини нијанси. Дури ни песокот не се состои од една боја, туку е сочинет од разнобојни мали зрна.

Човечкото око може да разликува стотина илјади поединечни бои. Меѓутоа, поединечните бои вообичаено не го привлекуваат нашето внимание, туку повеќе внимание привлекува нивната хармонија или недостаток на хармонија. Некоја впечатлива комбинација може да ни предизвика задоволсто или да не зачуди, меѓутоа никогаш нема да не остави рамнодушни.

 

Бојата е важна

Направени се науни студии за влијанието на амбиентот на боите врз човечкото однесување. Порфесор Nancy Kowalek (Универзитет Тексас, Остин) го проучувала дејството на боите на работната ефикасност во канцеларија. Нејзиното проучување покажува дека често користењето на валкана бела боја не се покажала како продуктивна или стимулирачка во канцалирско опкружување, но сепак и покрај тоа, повеќето канцаларии се обоени во валкано бела боја.

Различните проучувања покажале дека општото зголемување на продуктивноста и општото работење може да се очекува во средини кои се перцепираат позитивно, поради атмосферата која овозможува поголема стимулација. И двата од овие фактори имаат позитивно влијание на безбедноста.  


Од племе до корпорација

Боите секогаш играле значајна улога во човековата егзистенција. Од дрвени банери и бои кои биле носени од страна на племенските припадници, еволуирале до корпоративни бои. Меѓутоа, употрбата на бои се разликува, во некоја смисла. Во минатото бојата го искажувала идентитетот на оној кој ја носи, а не на произведувачот.

Денес корпоративните бои го идентификуваат главниот произведувач на опрема (OEM), а не купувачот кој можеби постојано ја користи таа опрема. Можеби сакаме да ја бираме бојата за нашиот автомобил така да одговара со нашиот личен вкус. Дури, можеби сакаме да ги пребоиме комерцијалните возила така да ја поддржуваме нашата сопствена идеја. Меѓутоа, се што гледаме во фабриките е ограничен асортиман кој го бираат непознати луѓе.  


Вистински индивидуалзам

Многу од нас знаат за приказната за бои кои се расположливи за Ford T моделите. Приказната е дека овој производ кој масовно се произведувал бил достапен само во црна боја. Ова правило важи и денес за многу други индустриски производи. Тие се достапни само во боите кои ги бира произведувачот, а не во бојата која ја бираат корисниците.

Како купувачи на бои за бојадисување, навикнати сме да бираме индивидуална боја со огромен асортиман кој вкучува најмала стотинка на бои, ако не и повеќе од тоа. Кај индустриските премази, изборот е нормално мнгу помал- во најдобар случај е достаен во неколку алтернативи. Тоа сега се менува. На пример тракторите веќе може да се прават по нарачка делумно во согласност со желбите, во кое е вклучена и бојата.