Боите живеат во нашата фантазија

Сиво крзно на домашна мачка, светло портокалово –црвена нијанса на круша, темно зелени гранки на дива смрека...се се тоа слики кои потсеќаат на одредена боја врежана во нашата меморија. Кој не би приметил нежна кафеавата нијанса на своето утринско кафе или темно црвената боја црешите  на тезга со овошје? Бесконечно многу бои остануваат врежани во нашата меморија.

За внатрешна декорација, опиши ја бојата како што е крем боја на кафе со млеко, црвена како цреша, боја на ванила, така што ќе создадете слика во свеста на декоратерот за идејата за посакуваната нијанса.

Кога луѓето опишуваат ноја користејќи име на слика, сослушувачот веднаш формира впечаток за карактеристиките на бојата. Но дали секој ја замислува бојата на еднаков начин?

Искуството покажало дека различни луѓе ја перцепираат бојата на ралзичен начин. На пример перцепцијата за крем боја на кафе со млеко зависи од тоа како луѓето го пијат кафето. Дали во него додаваат дополнително млеко или шлаг, дали вообичаено пиете природна ванила или сладолед од ванила? Имагинацијата на секој човек има различно сфаќање за бојата на кафето, дали е светло или темно кафеава или речиси бела. Ккао што знаеме, нашето сфаќање за боите во голема мера зависи од  осветлувањето, нешто што воопшто не ја олеснува перцепцијата за бои и нивното паметење.



Colours live in our imagination - Coffee
Нормално, сите знаеме дека кафеавата боја на кафе изгледа како...

Многу скандинавци сонуваат да имаат своја куќа, а боите кои најчесто ја замислуваат се “благородна жолта” или ”црвена како плевна”. За некои луѓе, “благородна жолта” е доста јасна и чиста боја. За  други, истата потсетува на достоинствено светло жолта боја од претходниот ден. Нијансата на црвена во црвена окер, варира во зависност од личноста која ја опишува. Во фантазијата на некои луѓе, таа се перцепира како јасна, темно црвена нијанса, додека другите ја гледаат како кафеава боја која дури личи и на бојата на ‘рѓа.

Многу произведувачи ја вклучуваат “благородната жолта” во својата тон карта, меѓутоа сеуште не се пронајдени две идентични благородно жолти бои.” Црвена како плевна” исто така варира зависно од произведувачот и типот на пигмент кој се користи во нејзе. Нијансите на земјените тонови, како и црвена и жолта окер, можат доста да варираат,  иако ако погледнеме во нивниот хемиски состав , тие всушност се иста супстанца.

Само спомнете “црешова глазура” и веднаш  во свеста ви доаѓа  јасна црвена провидна површина. Меѓутоа “црешова глазура” исто така се однесува на природна црвенкаста примеса на црешово дрво. Површинската боја на црешовиот бајц зависи од дрвото. Ламинат за подови и врата од кујнски ормар, може да бидат со многу различна боја, дури и кога името на бојата е исто. Со други зборови, концептите за бои на произведувачите за внатрешна декорација се многу различни.  Соработката помеѓу произведувачите не е сеуште не го достигнала тоа ниво да истите имиња опишиваат исти бои или барем да потсетуваат на нив.

Colours live in our imagination - Olive

....и маслинесто зелена.


Прецизна контрола на боите

Исто како што имињата на боите звучат прекрасно, на нив треба да им се даде прецизна шифра. Кога луѓето ја бојадисуваат својата летна викенд куќа замислуваат сива боја која се користи во старите колиби без оџак, нив многу им помага доколку  ја имаат шифрата на бојата како и нејзиниот опис во според тон картата. Со оваа шифра, тие можат да обезбедат единствена формула за репродуктивно бојадисување со прецизна нијанса на сива. Како поминува времето, произведувачот можеби ќе ја промени   „сивата колиба без оџак“, меѓутоа одржувањето на бојата ќе биде возможно низ годините ако се забележи шифрата на боја.

Веќе со години ние во Tikkurila системски ги собираме нијасите и формулите на боите од сите тон карти за внатрешна декорација кои постојат на пазарот. Нашата електронска банка која моментално содржи преку 40. 000 формули за нијансирање. Ова нас ни овозможува да на нашите купувачи им овозможиме првокласна услуга, благодарејќи на големото знаење кое го поседуваме во контрола на боите. Нашата архива вклучува и бои на кујнски елементи и бои на материјали за под, а да не збориме за тон картите на другите произведувачи на бои.

Ако пазарот бара прецизна, точна боја, вреди да се користат бројките и шифрите на боите. Сервисот на колор формули на фирмата Tikkurila  секогаш помага  на купувачите да ја пронајдат вистинската формула која одговара за нивните потреби. Дури ни нашиот сервис за колор формули не може да ја најдат вистинската боја ако е познато само името на бојата. Минимално побарување за пронаоѓање на вистинската боја се името на бојата и неговиот произведувач. Можеме побрзо да помогнеме доколку купувачот има примерок од бојата за анализа, врз чија основа ќе се креира формулата за нијансирање.