ПРИНЦЕЗАТА БУНТОВНИЧКА И НЕЈЗИНОТО КРАЛСТВО!

Витезите и принцезите можат да си играат колку што сакаат во сенката на ѕидовите на овој замок. Декорирајте го со тмурно небо и ставете импресивни штитови на витези. Ѕидот креиран со Liitu бојата за училишната табла и дава крилја на Вашата фантазија.

УПАТСТВО ЗА БОЈАДИСУВАЊЕ НА ПРИНЦЕЗА БУНТОВНИЧКА

КАКО ДА ГО ОБОИТЕ ЅИДОТ НА ЗАМОКОТ:

1. Нацртајте хоризонтална линија на висина од 130cm. Ова е горниот раб на ѕидот на замокот.

2. Свиткајте лист А4 формат на половина и употребите го за цртање на квадратите. Ставете го листот на ѕид над хоризонталната линија и скицирајте контури со молив.

3. Поместете го листот и означете почетна точка за следниот квадрат. Продолжете се додека не ги означите контурите на сите квадрати.

4. Ставете широка трака за обележување на горниот раб на ѕидот, следејќи ја линијата.

5. Исечете ја вишокот трака од краевите со нож за сечење тапети.

6. Добро промешајте ја бојата.

7. Обоите ги рабовите на ѕидот со мала четка.

8. Обоите го остатокот на ѕидот два пати со поголем валјак, оставајќи простор бојата да се исуши помеѓу нанесување на двата слоја. Отстранете ја траката за обележување кога ќе завршите со боење.