МЕСЕЧИНА!

Оваа соба припаѓа на човек кој живее на месечината и кој секој ден патува од месечината и назад- а притоа не излегува од својата соба. На месечината можете да стигнете само со летање. Адреса: втората ѕвезда од лево, право до утрото.


КАКО ДА ЈА БОЈАДИСАТЕ МЕСЕЧИНАТА:

КАКО ДА НАЦРТАТЕ МЕСЕЧИНА НА ЅИДОТ:

1. Нацртајте круг на ѕидот користејќи мал клинец, врвца и бела креда или молив во боја. Заколвајте го малиот клинец во центарот на месечината. Прикачете парче врвца на клинецот и креда.

2. Повлечете ја врвцата и нацртајтее круг со пречник од околу 1 метар. Кога кругот ќе биде готов отстранете го клинецот.

КАКО ДА ЈА ОБОИТЕ МЕСЕЧИНАТА НА ЅИДОТ:

3. Внимателно бојадисајте ги внатрешните рабови на кругот со мала четка користејќи ја Taika Silver бојата.

4. Бојадисајте го центарот на кругот со широка четка, користејќи мали вкрстени движења. Оставете простор да се исуши па повторно нанесете уште еден слој боја.

КАКО ДА НАЦРТАТЕ НА ЅИДОТ МЕСЕЧИНА КОЈА СВЕТИ ВО МРАКОТ:

5. Нацртајте лак во близина на работ на месечината користејќи мал клинец, врвца и креда

6. Бојадисајте ги рабовите на полумесечината со мала четка користејќи Taila Glow лак со ефект на сјај.

7. Бојадисајте го центарот на полумесечината користејќи Taika Glow. Оставете простор да се исуши па повторно нанесете уште еден слој боја.