ДОДАДЕТЕ И СЈАЈ НА НОЌТА!

Овој магичен град има две лица. Дење, темната силуета дава прекрасна позадина за мебел и други предмети. Кога светлата ќе се изгаснат, оживува град со стотина прозорци.

КАКО ДА ГИ ОБОИТЕ КУЌИТЕ КОИ СВЕТАТ ВО МРАКОТ:

1. Бојадисајте го ѕидот користејќи ја нијансата K498 Haven

2. Нацртајте силуета на градот користејќи либела. Ставете трака за обележување на надворешните рабови на куќите. Исечете ги завршетоците на траката со нож за сечење на тапети.

3. Прво бојадисајте ги рабовите на куќите со мал валјак користејќи ја нијансата N500 Agate.

4. Нанесете два слоја боја ако е неопходно. Оставете да се исуши.

5. Нацртајте низа на куќи напред и ставете широка трака за обележување на нивните надворешни рабови

6. Бојадисајте ги куќите два пати користејќи ја нијансата Y498 Indian Ink. Оставете да се исуши.

7. Обележете мали делови за прозорци со трака

8. Прво бојадисајте ги прозорците употребувајќи нијанса K498 Heaven. Оставете да се исуши

9. Нанесете два слоја Taika Glow на прозорците. Отстранете ја траката откако ќе завршите со бојадисување.