ВИВНЕТЕ СЕ НИЗ ВОЗДУХОТ

Драги браќа, сестри, комшиски деца и нивни пријатели, добро дојдовте во циркус! Влезете во собата полна со радост и заборавете ги сите озбилни работи. Пуштете ја вашата фантазија да лета, да игра и да се вивне во висината.

Обоите магнетна училишна табла со интересни краеви за цртање и прикачување на слики. За да ги видите едноставните упатства како тоа да го направите, посетете го следниов линк www.tikkurila.fi/lastenhuone

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ЦИРКУС:

1. Означете го центарот на циркускиот шатор на дното на ѕидот.

2. Нацртајте права вертикална линија од ознаката до висина од 2m. Означете ја точката со молив и заколвајте мал клинец во ѕидот. Ова е највисоката точка на ѕидот.

3. Измерете 135cm во двата правци од центарот на дното на ѕидот и обележете ги точките. Овие точки ги обележуваат надворешните линии или широчината на шаторот (270cm*)

4. Нацртајте прави вертикални линии од најдалечните точки од дното на ѕидот до висина од 145cm, користејќи либела. Обележете ги двете точки и заколвајте два мали клинци на ѕидот.

5. Нацртајте закривен кров на шаторот користејќи врвка. Заврзете чвор на едниот крај на врвката и прикачете го на центарот на кровот. Прикачете го другиот крај на едниот раб на кровот.

6. Повторете ги претходно наведените чекори на другата страна. Проверете дали врвката е иста должина на двете страни.

7. Ставете лента за обликување на надворешните рабови на кровот и ѕидовите на шаторот.

8. На дното на шаторот обележете точки на 30cm оддалеченост. Можете да користите линијар од 30cm за да можете полесно да измерите.

9. Нацртајте прави линии од точката на дното до работ на кровот.

10. Ставете широка трака за обележување на надворешните рабови кои ќе бидат обоени во црвено.

11. Обоите ги горните рабови со четка, потоа продолжете да боите со мал валјак. Оставете да се исуши.

12. Отстранете ги траките откако ќе завршите со бојадисување.