МУ МУ Е ТУКА!

Јасни, свежи шари ги опкружуваат малите фармери, со елементи кои ја хранат фантазијата. На оваа фарма децата можат безгрижно да си играат, да возат трактор и да се грижат за животните.


КАКО ДА ГО ОБОИТЕ АМБАРОТ:

1. Бојадисајте го ѕидот користејќи ја бојата Y370 Capri. Дозволете да се исуши.

2. Нацртајте хоризонтална линија на висина од 120cm. Користете либела за да направите права линија.

3. Ставете широка трака за обележување над хоризонталната линија.

4. Бојадисајте го долниот дел на ѕидоте користејќи ја бојата V389 Yellow Transparent.

5. Означете го центарот на амбарот на ѕидот. Измерете 180cm вертикално од центарот и означете точка со молив.

6. Измерете 1m во двата правци од центарот на дното и означете точки. Нацртајте прави вертикални линии од точките до висина од 140cm користејќи либела. Ова е висината на страничните ѕидови

7. Нацртајте го работ на кровот користејќи врвца и трака за обележување.

8. Ставете широка трака за обележување на надворешните рабови на амбарот.

9. Бојадисајте го амбарот користејќи боја J383 Tinkerbell. Добро промешајте ја бојата и со мал валјак бојадисајте ги рабовитеж

10. Бојадисајте го останатиот дел од амбарот два пати со голем валјак, оставајќи простор да се исуши помеѓу две боења.