ДЕВОЈЧЕ ТИ СИ ЅВЕЗДА!

О господе каква позадина за селфи и видео снимки: ѕвезда голема колку ѕидот! Бидејќи е направена со користење на Liitu бојата со ефект на училишна табла, можете да цртате и пишувате се што осеќате на оваа ѕвезда, како и да ги запишете работите кои сакате да ги запомните.

ОБОИТЕ ЈА ЅВЕЗДАТА!

КАКО ДА НАЦРТАТЕ ЅВЕЗДА НА ЅИДОТ:

1. Обележете ја највисоката точка од 2 метри. Нацртајте права линија под точката користејќи либела

2. Измерете 140cm вертикално од дното на ѕвездата и означете со точка. Нацртајте хоризонтална линија на висина од 140cm користејќи либела и означете ги врвовите со точки.

3. Измерете 70cm во секој правец од центарот на долниот дел и означете ги точките со трака за обележување. Сега ги обележавте сите врвови на ѕвездата.

4. Прикачете врвца помеѓу врвовите трака за обележување.

5. Нацртајте контури на ѕвезда на ѕидот со молив.

КАКО ДА ЈА ОБОИТЕ ЅВЕЗДАТА НА ЅИДОТ:

6. Ставете широка трака за обележување на надворешните рабови на ѕвездат.

7. Отворете ја кутијата со боја и добро промешајте

8. Прво бојадисајте ги контурите со мал валјак

9. Бојадисајте го остатокот од ѕвездата и дозволете да се исуши помеѓу два слоја.

10. Отстранете ја траката откако ќе завршите со бојадисување.