ПОД ПАСТЕЛНОТО ВИНОЖИТО

Ова убаво пастелно виножито, обено со Liitu боја со ефект на училишна табла може да се користи за цртање на се што ќе Ви падне на памет. Имињата на нијансите одбрани за оваа соба - Canyfloss (шеќерна волна), Sorbet (шербет), Marshmallow (бел слез), Aquarel (Акварел) и Presimmon (пресимон овошје)- имаат сладок вкус и зборуваат повеќе од илјада зборови. Дали собата на една млада девојка може да биде повкусна?

КАКО ДА ГО ОБОИТЕ ВИНОЖИТОТОТ:

1. Бојадисајте го ѕидот користејќи ја нијансата К336 Candyfloss

2. Нацртајте 5 хоризонтални линии на ѕидот на раздалеченост од 15cm, користејќи либела. Нацртајте ја најниската линија на висина од 1 метар

3. Ставете трака за обележување над работ на највисоката линија. Истото направете го со најдолната линија.

4. Бојадисајте ја горната линија користејќи ја нијансата F306 Sorbet. Оставете да се исуши и нанесете втор слој на боја, ако е неопходно. Отстранете ја лентата.

5. Бојадисајте ја втората најниска линија користејќи ја нијансата F336 Marshmallow. Оставете да се исуши и нанесете уште еден слој на боја ако е неопходно. Отстранете ја траката.

6. Кога првите линии ќе се исушат, ставете трака за обележување надвор од другите рабови на преостанатите линии.

7. Бојадисајте ја другата линија од врвот користејќи ја нијансата G401 Persimmon. Оставете да се исуши и нанесете втор слој боја ако е неопходно. Отстранете ја траката.

8. Бојадисајте ја најдолната линија користејќи ја нијансата Y441 Aquarelle. Оставете да се исуши и нанесете втор слој боја ако е неопходно. Отстранете ја траката.

9. Нацртајте облаци на краевите на виножитото. Ставете го долниот раб на облакот на долниот раб на виножитото. Користете чинија која ќе Ви помогне да ги нацртате облаците.

10. Бојадисајте ги рабовите на облакот со мала четка користејќи ја нијансата F497 Paper. Оставете да се исуши и нанесете втор слој.

11. Бојадисајте го центарот на облакот два пати со мал валјак. Оставете да се исуши и нанесете втор слој.

12. Оставете ја бојата да се суши недела дена пред да почнете да ја употребувате како табла.