ОДЗИМА ЗДИВ! 

Динамичната атмосфера во дневната соба е создадена со помош на две контрастни бои со додаток на сјаен лак, кој практично ја истакнува бојата на позадината на мат површина. Техниката на цртање линиии која се постигнува со употреба на заштитни траки, е доволно едноставен и ефикасен начин да се истакне контрасотот на бојата. 

Прецизните геометриски цртежи на ѕидовите се лесни за применување. Користејќи техника на одвојување со заштитна трака можете да комбинирате различни правци на линии. Во зависност од позицијата на траката можете да имате линии во хоризонтални, вертикални како и во дијагонални правци. 

Оваа техника исто така може да се комбинира и со други техники на сликање. Долните делови може да бидат обоени со потемни нијанси додека горните делови со посветли бои. 




Инструкции за корисници

1. Нанесете боја за ентериер и оставете да се исуши.

2.Измерете ја површината и обележете линии на ѕидовите користејќи леплива трака. Осигурајте се дека траката е добро прилепена за ѕидот.

3. Нанесете боја на просторот кој сте го обележале со трака користејќи четка или ваљак.

4. Отстранете ја траката пред да се исуши бојата. Траката се отстранува лесно и едноставно, а сликата останува прецизна и точна.


Kiva - акрилен безбоен полумат лак
 
Ваљак
 
Четка S1
 
Четка широка
 
Самолеплива трака
 
Флексибилна шпахтла