Топлината на дрвото

Познатата финска блогерка Сузана Вентро, топлата атмосфера во куќата ја создава со користење на популарни материјали. Во мали селски куќи често може да видите дека кујната е опремена со стар мебел. 


Речиси сите дрвени површини - подови, ѕидови и мебел можат да се реновираат и обојат. Многу едноставно и лесно можете да внесете живот во стариот мебел, така што ќе создадете модерен и удобен ентериер. 

Посебна топлина во собата даваат ѕидови обложени со дрво. Дрвото е фиксирано во облик на рибина коска. За да се сочува природниот излгед на ѕидот, потребно е дрвото да се премачка со безбоен лак и лак за заштита од UV зрачење. 

Бојадисување на под

Секој сонува во својата куќа да има бел или сив дрвен под. Овој под во ентериерот, во светло сива боја, совршено се вклопува со светлиот мебел.


Обновете го стариот мебел

Внесете живот во стариот мебел на многу ендоставен начин. Најважната работа е да го пронајдете вистинскиот материјал и резултатот нема да потфрли. Не само што ќе добиете модерен изглед на кујната, туку и ќе уживате во работата.


Betolux Akva - боја за подови
 
Kiva - акрилен безбоен полумат лак