Tikkurila каталози на бои

Каталозите на бои и производи можете да ги најдете во секоја специјализирана прдавница. Побарајте помош од продавачот при изборот на бои.




Избор на производот

  • Одберете производ во согласоност со опкружувањето и степенот на сјај кој сакате да го постигнете. Мат боите изразуваат чувство на спокој и хармонија, додека сјајните бои се повеќе динамични.

Пред бојадисување

  • Температурата на воздухот, површината и бојата и лаковите треба да биде најмалку +5ºС, со исклучок на Kiva лакот за мебел, каде температурата мора да биде најмалку +10ºС, а релативната влажност помалку од  80%.  
  • Реалтивната влажност на дрвото не треба да биде поголема од  16%.  Внимание: Високата реалтивна влажност го олеснува работењето со водоразредливи бои, меѓутоа го забавува процесот на сушење на површината.   
  • Пред употреба прочитајте го упатството кое се наоѓа на етикетата на производот.
  • Отстранете ги тапетите пред нанесувањето на боја, е површината третирајте како претходно што е обоена.   
  • Подлогата и завршниот премаз изберете ги во иста боја .
  • На нови поврпини, подлогата нанесете ја пред инсталациите. Осигурајте се дека површината е сува, пред да се нанесе бојата
  • Кај боењето на дрвени површини со полу-транспарентни завршни бои, Конечната боја на дрвото зависи од видот, цврстината на дрвото, неговата природна боја како ои од тоа колку пати е пребоена површината. 
  • Пред нанесувањето на посакуваната површина, тестирајте ја конечната боја на мал панел како би добиле увид за конечниот излгед.
  • За воедначен излгед полу- транспарентсните бои нанесувајте ги во еднакви потези паралелно.   



За време на боење

  • Пред, како и во текот на примената, производот треба добро да се промеша
  • Ако ја боите целата просторија, најпрво почнете од плафонот,  а потоа обоите ги и ѕидовите
  • Сувиот воздух во просторијата може да предизвика пребрзо сушење на бојата која е на водена база, во текот на бојадисувањето на површината
  • Доколку работата на боење продолжува и следниот ден, четката и ваљакот ставете ги во пластична ќеса и добро затворете ги

 

 


После бојадисување

  • За да обезбедите поволни услови за сушење на бојата на собна температура, се препорачува да ја зголемите температурата на задухот и да ја намалите влажноста на воздухот. 
  • Погрижете се во просторијата да имате добра вентилација
  • Пред употреба оставете доволно време да се исуши површината. Сувиот површински слој не значи и конечно сушење. Конечното сушење на материјалот вообичаено бара неколку дена со две недели, во зависност од видот на материјал и дебелината на слојот. 
  • Доколку ви преостанало боја, внимателно ставете го капакот и добро затворете ја конзервата. 
  • Отворените и нијансирани производи немаат продолжен рок на складирање. 
  • Бојата одложете ја како штетен отпад а празните лименки рециклирајте ги.