Tikkurila каталози на бои

Каталозите на бои и производи можете да ги најдете во секоја специјализирана прдавница. Побарајте помош од продавачот при изборот на бои.



Избирање на производ

  • Изберете го најсоодветниот производ во зависност од употребата и носивоста на површината.

Пред бојадисување

  • Температурата на воздухот, поврпината, како и на бојата и лаковите мора да биде најмалкку +5ºС, со исклучок на лакот за мебел Kiva, каде температурата мора да биде најмалку +10ºС, а релативната влажност под 80%. 

  • Пред употреба прочитајте го упатството кое се наоѓа на етикетата на производот.

  • Подлогата и завршниот премаз изберете ги во иста боја.

  • При бојадисување на дрвени површини со полу-транспарентна завршна боја, конечната боја на дрвото зависи од видот, цврстината неговата природна боја како и од тоа колку пати површината е премачкана. Пред нанесување тестирајте ја бојата на мала површина.

За воедначен изглед, полу – транспарентните бои нанесувајте ги со еднакви потези во ист правец.


За време на бојадисување

  • Пред и во текот на примена на производот треба добро да се промешува.
  • Доколку работата на бојадисување продолжува и следниот ден, четката и ваљакот ставете ги во пластична ќеса и добро затворете ги.

После бојадисување

  • Обезбедете соодветна вентилација.
  • Пред употреба оставете доволно време површината да се исуши. Сувиот повшрински слој не значи и конечно сушење. Конечното сушење на материјалот вообичаено бара неколку дена до две недели, зависно од типот на материјалот и дебелината на слојот.
  • Доколку ви преостанало боја, внимателно ставете го капакот и добро затворете ја конзервата. Отворените и нијансирани производи немаат продолжен рок на складирање.
  • Бојата одложете ја како штетен отпад, а празните лименки рециклирајте ги.