Бојадисување во ентериер

Плафони



Tikkurila каталози на бои

Каталозите за бои и производи можете да ги најдете во секоја специјализирана продавница. При избирањето на бои побарајте помош во продавницата. 



Избор на производи

Изберете производ во согласност со опкружувањето и степенот на сјај кој сакате да го постигнете. Најчесто за плафони се користат мат производи за да се намалил отсјајот на останатите површини.

Користете водоразредливи бои и лакови за плафонски површини. 


Пред бојадисување

  • Пред употреба, прочитајте го упатството кое се наоѓа  на етикетата на производот.  
  • Оптималната температура во просторијата во која се бои површината треба да биде +15-20°C , а релативната влажност на воздухот не поголема од 50%. Деталните упатства за производите можете да ги прочитате на нивните етикети.
  • Температурата на воздухот, површината како и на бојата и лаковите теба да биде најмалку +5ºС , со исклучок на Kiva лакот за мебел , каде температурата мора да биде најмалку +10ºС , а релативната влажност под 80%.
  • Релативната влажност на дрвото не смее да биде повеќе од 16%. Напомена: Високата релативна влажност на воздухот го олеснува работењето, меѓутоа го забавува процесот на сушење на површината.    
  • Пред употреба на производот задолжително прочитајте го упатството за употреба. 
  • Подлогата и завршниот премаз изберете ги во иста боја
  • На нови површини подлогата нанесете ја пред инсталациите. Осигурајте се дека подлогата е сува пред нанесување на бојата.   
  • Кај бојадисани дрвени површини со полутранспарентни завршни бои, конечната боја на дрвото зависи од видот, цврстината , природна боја на дрвото и зависи од тоа колку пати површината е премачкана.   
  • Пред нанесување на посакуваната површина, тестирајте ја конечната боја на картон или мал панел за да добиете претстава за конечниот излгед. 
  • За воедначен излгед, полутранспарентните бои нанесувајте ги во еднакви потези паралелно.

За време на боење

  • Пред, како и во текот на примената, производот треба добро да се промеша
  • Ако ја боите целата просторија, најпрво почнете од плафонот,  а потоа обоите ги и ѕидовите
  • Сувиот воздух во просторијата може да предизвика пребрзо сушење на бојата која е на водена база, во текот на бојадисувањето на површината
  • Доколку работата на боење продолжува и следниот ден, четката и ваљакот ставете ги во пластична ќеса и добро затворете ги

 

 


После боење

  • За да обезбедите поволни услови за сушење на боите на собна температура, се препорачува да ја покачите температурата а да ја намалите влагата на воздухот
  • Погрижете се да обезбедите добра вентилација во просторијата
  • Пред употреба оставете доволно време да се исуши површината. Сувиот површински слој не значи конечно сушење. Конечното сушење на материјалот подразбира неколку дена до две недели, во зависност од материјалот и дебелината на слојот

  • Доколку ви останало боја, внимателно ставете капак и добро затворете ја конзервата. Отворените и нијансирани производи немаат продолжен рок на складирање. 
  • Бојата се одлага како штетен отпад, а празните лименки се рециклираат. 

 

 
 

Maintenance instructions

>  >