Tikkurila каталози на бои

Каталозите на бои и производи можете да ги најдете во секоја специјализирана прдавница. Побарајте помош од продавачот при изборот на бои.



Избор на производи

  • Не заборавајте дека полнилата за дрво ги апсорбираат лаковите и маслата на поинаков начин ос сотанатите површини. Тоа може да резултира со разлика во нијансата на конечната боја.
  • Употребата на Betolux Akva бојата и Betolux Akva прајмерот се препорачуваат за дрвени и бетонски подови во згради, подруми и магацини.

Пред бојадисување

  • Проверете ја состојбата на подот и направете ги неопходните структирни поправки
  • Температурата на воздухот, површините како и на боите  и лаковите треба да биде најмалку  +5ºС; кај употребата на  Betolux Akva  температурата на бојата мора да биде повеќе од +10ºC.  Реалтивната влажност треба да биде помалку од 80%. 
  • Релативната влажност на дрвото не смее да биде поголема од  16% . 
  • Бетонските површини мораат да бидат суви најмалку 4 недели. Релативната влажност на бетонот мора да биде помала од 97 %, а процентот по маса 4%. За мерење на содржината на влага, на површина од 1m2 ставете пластика и прицврстете ја за подот. Доколку под пластиката после 24 часа се појави влага, бетонот не е сеуште сув доволно за да третира.  
  • Пред употреба секогаш прочитајте ги уптствата на етикетата н производот 
  • Кај бојадизување на дрвени површини со полутранспарентна завршна боја, конечната боја на дрвото зависи и од видот, цврстината на дрвото, неговата природна боја како и од тоа колку пати површината е премачкана
  • Пред нанесувањето на посакуваната површина, тестирајте ја конечната боја на картон или мал панел за да се добие увид во конечниот изглед. 

За воедначен изглед полу – транспарентните бои нанесувајте ги во еднакви потези паралелно.


За време на бојадисувањето

  • Пред и во  текот на примена на производот треба добро да се промеша.  
  • Избегнувајте нанесување на дебели слоеви и густа боја бидејќи тоа го забавува процесот на сушење. 
  • Сувиот воздух во просториите може да предизвика пребрзо сушење на бојата која е на водена база, за време на боењето на површината. 
  • Доколку бојадисувањето продолжува и следниот ден, четката и ваљакот ставете ги во ќеса и добро затворете ја. Исчистете го алатот веднаш после употреба како пто е наведено во упатсвото.  

После боење

  • За да обезбедите поволни услови за сушење на боите на собна температура, се препорачува да ја покачите температурата а да ја намалите влагата на воздухот
  • Погрижете се да обезбедите добра вентилација во просторијата
  • Пред употреба оставете доволно време да се исуши површината. Сувиот површински слој не значи конечно сушење. Конечното сушење на материјалот подразбира неколку дена до две недели, во зависност од материјалот и дебелината на слојот

  • Доколку ви останало боја, внимателно ставете капак и добро затворете ја конзервата. Отворените и нијансирани производи немаат продолжен рок на складирање. 
  • Бојата се одлага како штетен отпад, а празните лименки се рециклираат.