Tikkurila каталози за бои

Каталозите за боите и производите можете да ги пронајдете во секоја специјализирана продавница. Побарајте помош од продавачот при избирањето на бои.



Избор на производи

  1. Третманот со масло ја пробудува природната боја на дрвото
  2. Секогап користете масло на површините кои претходно се третирани со масло
  3. Имајте на ум дека полнилата за дрво апсорбираат лакови и масла различно во однос на останатите површини. Тоа може да донесе до тоа да финалната боја биде нееднаква на сите места. 

Пред бојадисување

  • Температурата на воздухот, површината и бојата и лаковите треба да биде најмалку +5ºС, со исклучок на Kiva лакот за мебел, каде температурата мора да биде најмалку +10ºС, а релативната влажност помалку од  80%.  
  • Пред употреба прочитајте го упатството кое се наоѓа на етикетата на призводот 
  • Подлогата и завршниот премаз изберете го во иста нијанса. 
  • Заштитете го окното и рачките пред боењето на врати и прозорци. Ако ја боите врата на местно, ставете клин под нејзе, да би го спречиле нејзиното движење во текот на работата.   
  • Во случај на боење на панел врата, најпрво обоите ја панелната плоча а потоа и останатите делови на вратата. 
  • Нпаравите план на бојадисување, на пример кај прозорските рамки почнете од горе па надоле..  
  • Кај боење на дрвени површини со полутранспарентни завршни бои конечната боја на дрвото зависи од видот, цврстината и неговите природни бои како и од тоа колку пати е премачкана површината. Тестирајте ја бојата на мала површина.  
  • Во случај на примена на полутранспарентни бои, секогач нанесете ја бојата со еднакви потези и во ист правец да би добиле еднаков финиш. 
  • На големи површини како што се врати, прво може да се користи ваљак, а потоа широка четка. 

За време на бојадисување

  • Добро промешајте го производот пред и во текот на употреба
  • Доколку бојадисувањето продолжува и следниот ден, четката и ваљакот ставете ги во платична ќеса и добро затворете ги.

После боење

  • Обезбедете соодветна вентилација.
  • Пред употреба оставете доволно време да се исуши. Сувиот површински слој не значи и конечно сушење. Конечното сушење на материјалот вообичаено бара неколку дена до две недели во зависност од видот на материјалот и дебелината  на слојот.
  • Доколку  ви останала боја, внимателно ставете го капакот и добро затворете ја конзервата. Отворените и нијансирани производи немаат продолжен рок на складирање.
  • Бојата одлагајте ја како штетен отпад, а лименките рециклирајте ги.