Политика За Приватност  – Tikkurila Oyj – Обработка На Лични Податоци За Рекламни Цели


Датум: 5.3.2018


1. Контролор на податоци

 
Tikkurila Oyj
Kuninkaalantie 1
01300 Vantaa


2. Информации за контакт

dataprotection(at)tikkurila.com


3. Цел на обработката на личните податоци на вработените и законска основа за обработката


Tikkurila ги обработува личните податоци на клиентите и/или на нивните лица за контакт за да ги врши деловните активности за продажба и рекламирање поврзани со работењето на Tikkurila.
Целта на обработката на личните податоци е:
- да се подобри квалитетот и изборот на производи на Tikkurila
- да се зголеми знаењето и свеста на клиентите за нашите производи
- да се следат нашите активности со понуди
- да се покануваат потенцијални клиенти на нашите настани
- да се поддржи продажбата
- да се рекламираат нашите производи
Обработката се заснова врз легитимниот интерес на Tikkurila или согласноста на сопственикот на податоците.


4. Собрани лични податоци

 
Во личните податоци што ги собира Tikkurila, може, меѓу другите, да спаѓаат и следниве типови податоци, како и нивни измени:
- име, презиме, телефонски број, адреса на е-пошта, поштенска адреса, име на компанијата што ја претставува сопственикот на податоците


5. Вообичаени извори на информации


Главниот дел од информациите се собира од сопственикот на податоците или од компанијата што тој/таа ја претставува. Личните податоци може да се собираат и од трети лица, како што се организации што организираат други видови активности или настани поврзани со градежништво или бојадисување.


6. Вообичаени пренесувања на податоци и пренесувања на податоци во земји надвор од Европската Унија или од Европската економска област


Tikkurila користи надворешни даватели на услуги за обработка на личните податоци во име на Tikkurila за целите наведени во оваа „Политика за приватност“. Tikkurila обезбедува дека ангажирањето надворешни соработници се одвива во согласност со важечкиот закон. На давателите на услуги им е дозволено да ги користат личните податоци само за да ѝ ја пружат договорената услуга на Tikkurila, согласно условите и одредбите договорени со Tikkurila.
При обработката на вашите лични податоци, Tikkurila користи даватели на услуги, сервери и ресурси што се наоѓаат во различни земји. До одреден степен, податоците ќе се пренесуваат и до други компании што ѝ припаѓаат на Групацијата Tikkurila. Tikkurila ќе ги пренесува вашите податоци и во земји надвор од ЕУ и ЕЕО каде што законите за приватност се разликуваат од европските закони. Tikkurila ќе се увери дека има законска основа за пренесување на податоците и дека податоците се заштитени согласно важечките закони, а конкретно со користење на обрасците за договори на Европската Комисија во врска со пренесување податоци.


7. Време за чување на личните податоци


Личните податоци ќе се чуваат колку што е потребно земајќи ги предвид деловните потреби на Tikkurila, но претежно три (3) години по последниот активен деловен настан меѓу страните. 


8. Начела за заштита на податоците


Tikkurila ќе ја одржува безбедноста на собраните податоци со помош на соодветни технички и организациски мерки.
Само овластените претставници на Tikkurila и овластените надворешни даватели на услуги што работат во име на Tikkurila имаат право да обработуваат лични податоци. Tikkurila дава ограничен пристап до податоци само на оние лица што треба да имаат пристап. Системот е заштитен според „Политиката за информатичка безбедност на Tikkurila“.


9. Вашите права во однос на личните податоци  


Имате право да побарате копија од личните податоци за вас во регистарот. Барањето треба да биде упатено во усна или писмена форма до лицето за контакт наведено во оваа „Политика за приватност“ или преку приложениот формулар.
Исто така, имате право да ѝ забраните на Tikkurila да обработува лични податоци во случај да нема законска основа за обработка, како и право да побарате од Tikkurila да ја ограничи обработката на податоците. Покрај тоа, имате право да побарате од Tikkurila да коригира неточни податоци за вас. Барањето за горенаведените прашања треба да се упати до горенаведеното лице за контакт.
Исто така, имате право да поднесете жалба до органот за заштита на лични податоци, во врска со обработката на личните податоци.


 
10. Измени во „Политиката за приватност“


Tikkurila има право повремено да ги менува информациите во оваа „Политика за приватност“ и сопствената пракса за ракување со личните податоци на своите вработени.