Упатства за безбедност при употреба на Joker бојата за внатрешни ѕидови за потрошувачи осетливи на алегии и хиперсензитивни потрошувачи  

Како да обоите безбедно

Една од главните цели на Tikkurile е непрекинато унапредување на безбедноста во текот на развојот на производите, изборот на суровини и производството на боја. Бојата Joker поставува нови стандарди во безбедноста на производите и повеќекратно ги има надмашено дури и најстрогите нивоа на класификација M1. Joker исто така содржи високо квалитетни средства за врзување на база на акрилат, кои обезбедуваат одлична адхезија и дологотрајност. Потрошувачите кои се осетливи на алергии и хиперсензитивните потрошувачи при бојадисување секогаш треба да превземат мерки на безбедност и да ги следат препораките дадени во продолжение на текстот.

Бојадисувањето е пријатно и без ризици доколку ги следите овие упатства:

Прочитајте го упатството на амбалажата. Секогаш осигурајте се да има доволно воздушна вентилација додека бојадисувате и додека бојата се суши. Немојте да престојувате во простории кои се реновираат. Користењето на квалитетен алат е многу важно, за да постигнете добра завршна обработка и за да можете повторно да го користите алатот.

Заштитете се

Пред бојадисување, прекријте ги подовите и мебелот како би ги заштитиле од прскање. Користете заштитни ракавици да ги заштитите рацето од прскање и друг непотребен контакт со бојата. Како и кај останатите бои на водена основа, Joker содржи конзерванси кои можат да предизвикаат алергиска реакција кај хиперсензитивни потрошувачи. Исплакнете ја бојата од вашата кожа со сапун и вода. 

Користете заштитни очила за да спречите било каков ризик од прскање и оштетување на очите кога ги фарбате плафоните, на пример. Ако бојата дојде во контакт со очи, веднаш исплакнете со обилна количина на вода. 

Кога нанесувате боја со распскувач, секогаш носете парцијална маска за лице која има филтери за честички. Долготрајното вдишување на боја може да ги иритира респираторните органи. Користете заштитна облека, а посебно очила. Распрскувањето може да предизвика иритација на очите и кожата кај хиперсензитивните потрошувачи. Ако сте потенцијално алергични на состојките на бојата, пожелно е бојата да ја нанесувате со четка или валјак.

Практични безбедносни информации

Во согласност со EU легислативата, одделот за безбедноста на производите Tikkurila подготви предупредувачки текстови за декларациите на амбалажата на производите, инструкции за безбедност и употреба на одредениот производ. Текстовите содржат детални информации за потенцијално опасните состојки на производот и нивните карактеристики. 
Joker бојата содржи вода, врзувачки агенси, пигменти, полнила и адитиви. Количината на сурови материјали во секој производ зависи од базата на боја. Боите со А база содржат повеќе титаниум диоксид (бел пигмент) и помалку полнила (доломит, талк) отколку боите на Ц база, кои продавачите ги користат за тонирање на појаки нијанси на бои.


Joker бојата содржи:


40-50 % вода
11-24 % акрилен полимер
3-7% етилен винил ацетат кополимер
25-40 % титаниум диоксид, доломит, талк, стирен акрилен кополимер
<1.5 % полиуретанска смола, акрилен кополимер, натриум полиакрилат, полисилоксан, етил хидроксиетилцелулоза
0.2 % 2-амино-2-метил-1-пропанол

Конзерванси:


<0.02 % 12 бензил изотиазол 3(2H) еден
<0.0015% 5-хлор- 2-метил-2H-изотиазол-3-еден/2 метил-2H-изотиазол-3-еден
Tikkurila Symphony колорантот содржи:
35 65% колор пигменти и полнила во зависност од нијансата.
Tikkurila Symphony бојата на пигментите не содржи никакви опасни тешки метали.
25-50 % вода (и винил ацетат во четири бои)
1-5% површински активни агенси, од кои некои се класифицирани како надразнувачи (Xi)
<0,003% конзерванси-5-хлор-2-метил-2H-изотиазол-3-еден/2-метил-2H-изотиазол-3-еден
За тонирање на Joker бојата се користат само Tikkurila Symphony колоранти. Кога бојата се тонира, додадента количина на колоранти не надминува 10%. Сите 12 Symphony колоранти не содржат растворувачи и 4 содржат мали количини на пропилен гликол.

Повеќе информации

За прашања во врска со составот на производите обратете се на: productsafety@tikkurila.com


Останати прашања: info@tikkurila.com

За подобар живот

Финската федерација за алергии и асма работи на создавање на чиста средина со цел да се подобри квалитетот на животот на луѓето кои патат од алергии и асма. Важен дел од нивните напори е, заедно со производителите развијат производи кои ги смалуваат или елиминираат количините на опасни состојки.


Финска федерација за алергија и асма: https://www.allergia.fi/in-english/