
Taika Stardust
Водоразредлива транспарентна акрилна глазура со мат сјај, за специјален светлуцав ефект. Се користи за завршна внатрешна декорација на ѕидни површини кои предходно се боени со латексни бои - Harmony или Joker, или декоративната облога за фина структура -Tunto Hieno. Дава исклучителен светлуцав ефект, а доброто осветлување го нагласува декоративниот ефект.





m2/l

m2/l
ДОПИР НА ЅВЕЗДЕНА ПРАШИНА
Лазурата има силен сјај. Ефектот на сребрена и златна лазура е воздржан и гламурозен. За да се нагласи исклучителната убавина на лазурата, се препорачува користење на различни видови на осветлување како што се вештачко, природно или бочно осветлување.
НАГЛАСУВА ДЕТАЛИ
Taika Stardust е погодна за ѕидни површини во станбени, деловни, малопродажни и други суви простории. Може да се користи и за ставање на декоративен ефект но и за шаблонско боење. Се нанесува со четка или ваљак.
СРЕБРЕНА СВЕЖИНА ИЛИ ЗЛАТНА ЖЕШТИНА?
Taika Stardust лазурата не се тонира така што распонот на бои кои се нуди се златна и сребрена. Бојата која се користи како подлога има големо влијание на финалниот изглед. Лазурата совршено истакнува кадифена структура на внатрешната боја Harmony.

01.09.2012
Taika Stardust
Се користи за ѕидови предходно боени со боја за ентериер. Бидејќи глазурата е провидна, бојата на површиата влијае на крајниот резултат. Добри рефлектори или природно светло може дополнително да го нагласат ефектот.






m2/l

m2/l
Ваљак или четка.
Вториот слој нанаесете го после 24 часа од нанесувањето на првиот слој. Површината е подготвена за употреба после два дена од нанесувањето.
Отстранете ги нечистотиите и прашината од новата површина. Пополнете ги нерамнините со соодветниот Presto или Prestonit полнило ако е потребно, и избрусете ја исушената површина. Отстранете ја прашината. Нанесете подлога од типот на Harmony или Feelings боите, завршете со боите за ентериер, нанесете 1 -2 слоја по потреба.
Предходно боени површини:
Исчистете ја веќе боената површина со Maalipesu детергентот за чистење и внимателно измијте со вода. Избрусете ја површината и отстранете ја прашината.
Пополнете ги пукнатините у дупките со соодветното Presto полнило и избрусете ја исушената површина. Отстранете ја прашината од брусење.
Преклопувањата на бојата ќе бледеат во текот на нејзиното сушење.
Се препорачува предходно тестирање на производот на дебел картон или друга површина.
Површината може да се чисти со сува крпа или четка. Многу валканите површини се чистат со влажна крпа користејќи неутрален детергент (pH 6 - 8 ). Површината не смее даодтане влажна после чистењето. Во текот на подготовките следете ги упатствата на детергентот.
Погледнете ги упатствата за "Предходно боени површини". Исто така површината може да ја премачкате со водоразредлива боја за ѕидови.
TAIKA Stardust содржи VOC max. 200 g/l.
во согласност со Регулативата (EC) No. 1272/2008
Tikkurila_Taika_Stardust