Тиккурила нуди широк избор на декоративни бои за потрошувачи и професионалци за заштита и декорација на различни површини. Понудата на производи вклучува внатрешни бои и лакови, ефектни производи, производи за дрвени, метални и минерални површини.

Со историја која датира уште од 1862, Тиккурила е водечки производител на бои и премази во Нордискиот регион и Русија. Со седиште во Финска, компанијата работи во 16 земји.

Високо квалитетните производи и различните услуги овозможуваат најдобар можен избор за потрошувачите.

Тиккурила акрилните бои за внатрешни ѕидови и плафони со своите карактеристики обезбедуваат одличен квалитет во секојаспект и поседуваат одобрување М1 емисиона класа градежни материјали и Европски eco-label сертификат, кои го потврдуваат отсуството на супстанци кои штетно делуваат на животната средина.